Младо момче прегази велосипедист - несреќа во Тетово

Уште една несреќа во Тетово. Во текот на вчерашниот ден околу 15 часот и 30 минути, на локалниот пат Желино-Долна Лешница, патничко моторно возило „Опел Аскона“ со тетовски регистерски таблици, што го управувал 18-годишниот Ф.Џ од Горна Лешница, удирл во 56-годишниот влосипедист В.С. од истото село. Од удирот велосипедистот задобил тешки телесни повреди, пренесе Дневник.

Најверојатно, причина за сообраќајната несреќа била неприлагодена брзина, додека вкупната материјална штета се проценува на близу 10 илјади денари.


27.04.2014 - 12:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа