Почина најстариот маж на светот

Пред два дена на возраст од 112 години почина најстариот човек во светот, Артуро Ликата кој е роден на 2 мај 1902 година во Сицијлија.

Тој влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстариот маж на светот.

Ликата на 13 септември 2013 година тој влезе во оваа книга на рекорди, во која беше најстар маж на светот цели 223 дена.

Моментално по смртта на Ликата, најстар маж во светот е Александер Имиќ, роден на 4 февруари во Полска.

Тој денес има 111 години и 80 дена и живее во Њујорк.

Според Гинисовата книга на рекорди, најстара жена моментално е Мисао Окава, која минатиот месец го прослави својот 116 роденден.

27.04.2014 - 10:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега