Утврден идентитетот на убиеното момче во Арачиново

Седумнаесет годишниот Ељон Јакупи од село Танушевци е момчето кое попладнево околу 16:20 часот е застрелано во скопско Арачиново. 

Од полицијата информираат дека момчето имало две прострелни рани во пределот на градниот кош, најверојатно од малокалибарско оружје. Малолетникот на повредите им подлегнал на пат кон болница.

Според првичните информации, момчето е застрелано најверојатно по семејна расправија со неговиот братучед.

Полицијата извршува увид на местото на убиството од каде се подигнати чаури кои дополнително ќе се вештачат.

26.04.2014 - 19:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега