152 болни и немоќни лица гласаа во Дебарско

Во општините Дебар и Центар Жупа денеска правото на глас  го остварија 152 болни и немоќни лица.

- Гласањето на полнолетните граѓани кои се во категоријата болни и изнемоштени се реализра без никаков проблем. Гласаа 142 лица, од нив, за претседателските 31 и за парламентарните 111 лица, вели секретарот на дебарската Општинската изборна комисија, Али Реџа. 

Како што информираше Реџа, во единствениот избирачки список за општина Дебар, за претседателските избори запишани се 17.272 лица додека за парламентарните 16.886 лица со право на глас. Ќе се гласа на 27 избирачки места.

Во општина Центар Жупа, која припаѓа во ИЕ5 денеска правото на глас го оствариле десет болни и немоќни лица.

- Гласањето помина без никаков проблем. Се гласаше во четири избирачки места, Броштица, Долгаш, Горенци и Центар Жупа, изјави Шефко Јусуф, претседател на Општинската изборна комисија за општина Центар Жупа.

Во единствениот избирачки список во оваа општина запишани се 6.066 лица со право на глас кои утре нивното граѓанско право треба да го остварат на 16 избирачки места. 

26.04.2014 - 14:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега