Во Куманово денеска гласаат 272 болни и изнемоштени лица

 Во Куманово денеска правото на глас ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и осудените лица во затворот К'шање.

Според информациите од Oпштинската изборна комисија, денеска гласаат 272 болни и изнемоштени лица, од кои девет гласаат само за парламентарните, а останатите гласаат и за паламентарните и за вториот круг од претседателските избори. Гласањето на овие лица го спроведуваат 88 избирачки одбори.

- Право на глас во општина Куманово имаат 90.560 лица заедно со дијаспората, од кои 89.999 лица од општина Куманово ќе гласаат утре на 167 избирачки места. Изборниот материјал е доставен до избирачките одбори и завршени се техничките подготовки, вели претседателката на ОИК, Виолета Арсовска. 

26.04.2014 - 11:43
Фото: 
Телеграф

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега