9.952 домашни и 550 странски набљудувачи ќе ги следат утрешните избори

Вториот круг од претседателските избори и предвремените парламентарни избори закажани за утре, ќе ги следат 9.952 домашни и 550 странски набљудувачи, како и 283 преведувачи.

Според податоците кои вчера ги објави ДИК, НВО МОСТ акредитирала 2.413 набљудувачи, Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА 5.090, Здружението на граѓани за демократизација и подигнување на колективната свест „Движење ВЕПРО“ 2.321, ЦИВИЛ-Центар за слобода 113 , Здружението на граѓани-Центар за развој на медиумите - Скопје девет и Македонскиот Центар за култура и развој шест набљудувачи.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има  акредитирано  226 набљудувачи, ОБСЕ 103 набљудувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа 27, ЕУ - 27, амбасадите на САД - 37 набљудувачи, Шведска 13, Италија 12, Турција - 11 набљудувачи, Франција осум набљудувачи, Бугарија и Холандија по шест, Косово - пет, Словенија - четворица, Полска, Грција, Австрија, Шпанија, Германија, Словачка и Канцеларијата на НАТО по тројца набљудувачи, Хрватска, Кина, Црна Гора, Грузија и Руска Федерација по двајца набљудувачи, Швајцарија, Катар и Србија по еден набљудувач и Данската оганизација СИЛБА и Асоцијацијата за напредок едукација и лобирање НЕЛ - 31 набљудувач. 

Утрешните избори ќе ги следат и 30 странски новинари.

 

26.04.2014 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега