Боцевски: Кампањата на СДСМ целосно се распаѓа

Македонија беше принудена да има предвремени парламентарни избори. Тоа е од причина што македонскиот устав во 90-те година го дизајнирале луѓе кои не ја познавале материјата, забележа во отвореното студио пред митингот во Велес политологот и политички аналитичар Ивица Боцевски.

Тој направи анализа на профилите на двата кандидати за претседател Ѓорге Иванов и Стево Пендаровски.

-Досието на Иванов е чисто, односно никој не може да го оспори фактот дека тој е претсетелски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ , зад него имаме 5 години претседателствување и во однос на критичната тема поврзана за името не верувам дека било кој може да му даде забелешки во Р.Македонија. Зад Иванов има уште една интерсна бројка која што го прави интерсен претседателски кандидат, а тоа е дека 75 % од граѓаните велат дека е чесен. Со овој капитал Иванов влезе во предизборието, истакна Боцевски.

За кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски,  Боцевски вели дека  со самиот негов старт се покажува колку догорело во СДСМ.

-Пендаровски кариерата не ја започна во СДСМ .Тој е една голема непознаница во македонската политика затоа штои тој секогаш бил еден од ликовите во позадина. Кои се неговите политички ставови и за што се занимава тој за нас останува една голема енигма. Таа енигма стана уште по мистична и позлокобна пред 2-3 дена кога видовме дека тој насред изборите замина во Приштина, што фрли темна дамка на неговата кампања, истакна Боцевски.

Јас и порано пред првиот круг реков дека ако има поголема разлика од 100.000 гласови ќе значи комплетен распад на кампањата на СДСМ.

- Доказ дека кампањата целосно се распаѓа е однесувањето на Зоран Заев после изборите. Поминаа две недели тие не кажаа „п“ од програма. Целокупната кампања ја водеше Заев како еден вид на политички бомбаш самоубиец. Аудио лента, не знам вакви документи . Тоа испаѓа дека како кога се наоѓате на било која значајна позиција ви приоѓаат разноразни матни типови, разноразни недосблесни луѓе, влечковци и ви велат имаме аудио снимка, ваков доказ, онаков доказ. Еден рационален политичар ќе гледа да се тргне од еден ваков човек, ќе треба да му каже дека тоа треба да го однесе во одредени институции. Ние имаме човек кој наместо да се занимава со менаџирање на партијата, пишување на програма, нудење на концепти , тој седнал таму си слуша аудио снимки што е мошне чудно, рече Боцевски.

-Јас само се надевам дека СДСМ ќе соберат сили да настапат достоинстевно на изборите .Знаете, Зоран Заев  како лидер на СДСМ е потенцијален кандидат за премиер, Пендаровски е кандидат за претседател. Значи тие мора заради доброто на оваа држава, заради доброто на македонската демократија  да соберат сили и да го прифатат судот и изборната волја на граѓаните, подвлече Боцевски.

Тој додаде дека не може да се спорат избори на кои опозицијата нема ниту една официјална примедба и дека тие вечерта ќе мора да се соземат и да ја честитаат победата, затоа што тоа е извесно и подвлече дека треба да се случи невиден политички земјотрес за да има било каков друг резултат, освен извесниот реизбор на Иванов и нов мандат на ВМРО-ДПМНЕ.

Боцевски истакна дека Велес, Штип, Куманово, Прилеп како едни од најразвиените градови во кои имало фабрики, по владеењето на Црвенковски  и СДСМ, тие од индустриски центри се свеле на затворени хали, осиромашени стечајци и урбана сиромаштија.

-Значи некогаш СДСМ критикува дека други партии поставале споменици на своето владеење. Па има ли поголем споменик на владеењето на СДСМ од сите затворени хали ширум Македонија, подвлече Боцевски.

Токму од тие причини, истакна тој, нивните пораки не допираат до луѓето, за разлика од пораките и порграмата на ВМРО-ДПМНЕ која е сконцентрирана на влез на странски инвестиции.

-Очигледно е. Големите прашања се затворени. Република Македонија е стабилна и демократска држава. Република Македонија еден ден ќе стане членака на Е.У. и НАТО а македонскиот јазик ќе стане официјален јазик во ЕУ им се допаѓало тоа на грците или не, истакна Боцевски.

Боцевски подвлече дека моменталните прашања со кои се занимава Македонија се инвестиции, вработувања, инфраструкрурата, квалитетот на животот, сето она што ќе им го олесни животот на граѓаните.

25.04.2014 - 20:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега