Дијаспората позаинтересирана за гласање на парламентарните избори

 

Во 36 дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија за гласање на предвремените парламентарни избори во недела се пријавиле 23.782 македонски државјани кои работат или престојуваат во странство. За вториот круг од претседателските избори, пак, ќе гласаат 8.332 македонски државјани на 34 избирачки места.

Во избирачките места во Москва и во Осло ќе се гласа само за предвремени парламентарни избори. Гласањето е утре од 7 до 19 часот, согласно временската зона во земјата.

Според прегледот на ДИК, најмногу пријави за гласање има во ИЕ 7 што ги опфаќа Европа и Африка – 18.911. Во ИЕ 8 треба да гласаат 3.337 македонски државјани. Оваа изборна единица ги опфаќа Северна и Јужна Америка. Во Деветтата изборна единица пријавени за гласање се 1.534 македонски државјани.

Во Европа гласање во три избирачки места има во Германија и по две избирачки метста има во Италија и во Турција.

Во Европа најмногу избирачи се пријавени во амбасадата на Македонија во Швајцарија во Берн - 4.131, потоа 3.749 во конзулатот во Венеција и 1.840 во амбасадата во Виена. Во овие ДКП ќе има по две избирачки места. Исто така, голем е бројот на пријавените кои треба да гласаат во амбасадата во Рим – 1.597, како и во Љубљана 1.044. Во Бон се пријавени 870 македонски државјани, во Брисел 777, потоа во Берлин 687, во Тирана 636, во Минхен 628. Во оваа ИЕ најмалку пријавени има во Анкара, само 13. Во Париз за гласање се пријавени 328, во Белград 419, во Копенхаген 281, Стокхолм 273, во Лондон 259, Загреб 247, во Прага 192, во Хаг и во Приштина 177, во Истанбул 165, Стокхолм 273, Загреб 247, во Подгорица 159, Осло 108, Сараево 99, Софија 67, Букурешт 38, Москва 33.

Во ИЕ 8 најмногу пријавени македонски државјани за гласање има во Чикаго – 1.040, додека во Њујорк за гласање се пријавени 1.005 македонски државјани, во Торонто пријавени се 687, Детроит 520, во Вашингтон 40 и во Отава 42.

Во ИЕ 9 има само три избирачки места и тоа во Мелбурн каде за гласање се пријавени 1.114 македонски државјани, во Канбера 409 и во Пекинг само девет.

За гласање на претседателските избори беа прифатени пријавите на 8.332 македонски државјани. Во Европа (ИЕ 7) на гласање треба да излезат 5.892 избирачи, во ИЕ 8 (Северна и Јужна Америка) – 1.426 и во ИЕ 9 (Азија и Австралија) – 1.014.

Изборната единица 7 има 25 избирачки места, а гласање во три избирачки места има во Германија каде има 501 пријавен за гласање, и тоа во Минхен - 174, Берлин - 200 и Бон - 127. По две избирачки метста има во Италија и во Турција. Во Италија треба да гласаат 2113 македонски државјани. Во амбасадата во Рим се пријавени за гласање 211, а во конзулатот во Венеција 1.902 македонски државјани, најмногу во дијаспората воопшто. Во Република Турција и тоа во Анкара и во Истанбул каде ќе гласаат 162 македонски државјани.

Гласање има и во Берн каде има 514 пријавени избирачи, во Прага - 155, во Сараево - 17, Подгорица 108 и Париз 136, во Стокхолм - 101, Брисел-98, Копенхаген-49, Хаг-75, Лондон -166, Тирана-717, Виена-195, Софија-10, Загреб-15, Приштина-96, Љубљана-410, во Белград-241 и во романскиот главен град Букуреш, каде се пријавени 13 македонски државјани.

Во ИЕ 8 што ги опфаќа Северна и Јужна Канада ќе се гласа на вкупно шест избирачки места, две во Канада и четири во САД. Во Канада се пријавени 440 македонски државјани и тоа 27 во Отава и 413 во Торонто. Во САД има 986 пријавени македонски државјани за гласање. Во Вашингтон има 40 пријавени, во Детроит 295, во Чикаго 209 и во Њујорк 442.

Во ИЕ 9 што ги опфаќа Австралија и Азија гласање ќе има во три избирачки места во Австралија и во Кина. Во Австралија има две избирачки места со 999 пријавени македонски државјани за гласање. Во Канбера предвидено е да гласаат 296 македонски државјани, а во Мелбурн 703. За гласањето во Пекинг има 15 пријавени македонски државјани.

25.04.2014 - 14:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега