Ново судско рочиште помеѓу Гоца Тржан и поранешниот сопруг

Ново судско рочиште помеѓу пејачката Гоца Тржан и поранешниот сопруг Иван Маринковиќ, овој пат се судат за покачување на алиментацијата за нивната шестгодишна ќеркичка Лана.

Имено Гоца пред неколку дена побарала алиментацијата да се зголеми за пет илјади динари повеќе, поранешниот сопруг пак бара образложение зошто сака да биде покачена алиментацијата за Лана.

- Сега морам по негово барање да докажувам дека детето чини 12.000 динари, изјавила разочарано.

Инаку, Иван до сега плаќал сума на пари за која се договорил со Гоца пред три години.

 

25.04.2014 - 14:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа