Каде ќе им оди душата- за да го прехранат семејството родителите ги праќаат своите дечиња во ринг

 

За да ги прехранат своите семејства малолетните борци од мали нозе влегуваат меѓу јажињата од рингот притоа изложувајќи се на сериозни оштетувања на мозокот кои можат да се споредат со оние кои ги добиваат настраданите во сообраќајни несреќи.

Со овој проблем на малолетните борци започна да се занимава британскиот Channel 4.

Борби од ваков тип најмногу се забележани во Сисакет. Тоа е мал град во тајландската провинција Исан, каде маса гледачи се собираат околу неумешно изградениот ринг со цел да ја следат големата битка.

И да, битката можеби и може да се нарече голема, но борците со сигурност не се такви. Имено, во рингот силите ги мерат 12-годишниот Нонг Ем и 11-годишниот Нат Танарак.

И додека остатокот од светот такво нешто не може ни да си замисли, детските борби (некои до борците имаат по само седум години) во Тајланд се вообичаена појава. Уште пошокантно е тоа што станува збор за тајландски бокс (Muay Thai), една од најтешките боречки вештини, а статистиката покажува дека во Тајланд има околу 30.000 такви мали фајтери.

За овие борби децата треба само да имаат дозвола од родителите.

 

И покрај ризиците, борбите не се легални, а за учество во истите е потребна само дозвола од родителите. Иако по правило би требало да носат заштита, децата тоа ретко го прават, а потенцијалната заработка е огромен предизвик за нив.

25.04.2014 - 14:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега