Милошоски: 30 нови странски инвестиции до 2018-та година

 

Одлуката на девет компании да инвестираат во Македонија, што ќе значи нови 13.000 вработувања, дава основа за реализирање на нашата програма и на главното ветување за привлекување 30 нови странски вложувања од 2014 до 2018 година. Ова е денешната порака од Битола, рече Антонио Милошоски, носител на пратеничката листа од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 5, по средба со граѓаните.

- Денеска пораката од Битола и од цела Македонија е дека со задоволство ги примаме вестите што последниве 30 дена се донесени одлуки на девет странски компании да инвестираат во Република Македонија и со тоа да создадат директни и индиректни 13.000 нови вработувања, што ни дава основа за реализирање на нашата програма и за привлекување 30 нови странски инвестиции, нагласи Милошоски.

Така, потенцира, ќе зајакне економијата, ќе се отворат нови работни места и ќе се подобри животниот стандард.

25.04.2014 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега