Хеликоптер погоден со ракета на аеродромот во Украина

Силни експлозии одекнуваат на аеродромот во Краматорск во источна Украина, а властите во Киев соопштиле дека еден украински хеликоптер бил погоден со ракета и дека пилотот е повреден.

Експлозиите се слушнале во областа на градот која е во близина на цивилниот аеродром, по што избил пожар, а над тој дел на градот се гледа чад.

Дмитриј Тимчук, шефот на Центарот за воено-политички истражувања, на брифингот во Киев изјавил дека кон хеликоптерот било пукано непосредно пред полетувањето.

Станува збор за летало од типот Mi-8, а пилотот успеал да го напушти хеликоптерот пред експлозијата.

По низата експлозии над аеродромот има густ чад, а според руската мрежа Russia Today на истото место подоцна избил и пожар.

Interfax потсетува дека украинските сили минатата седмица ја преземале контролата над аеродромот.

25.04.2014 - 13:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега