Реченици кои го опишуваат секој хороскопски знак
Ова се неколку реченици кои го опишуваат секој хороскопски знак.
ОВЕН - He ви советувам дa не се согласувате со мене! Прво дејствувам , а потоа може и да размислам! Инаетот е позитивна особина! Не помислувај да ме нападнеш , бидејќи ќе се повредиш !
БИК - Никогаш не жалам за потрошените пари! Додека одмарам-не ме закачај! ! Јадењето е совршенство! Ако некој друг наместо мене може да заврши некоја работа, нека го направи тоа!
БЛИЗНАЦИ - За совети се слушам само себе! Кој доцни, лошо му се пишува! Треба да имам многу од сè!
РАК - Посветен сум на семејството ! Немам толку многу пари за да купувам евтини работи ! Не купувам ништо ново , ако старото е уште цврсто !
ЛАВ - Треба јас да сум потпора на другите , а не тие на мене ! Светот се врти околу мене ! Јас се смеам , но тоа ми дава можност да те манипулирам !
ДЕВИЦА - Ќе ве престигнам сите со работа и упорност ! Срцето е секогаш подредено на мојот мозок ! Ако има дамка на ѕидот , ќе направам ремонт ! Сакам се да е под мој надзор!
ВАГА - Не можам да живеам без партнер! Може да прекршам секој принцип , ако сум убеден/а во тоа ! Човек не може да е само лош или само добар !
ШКОРПИЈА - Под секој камен може да е скриена змија и јас се чувам ! Не сакам да покажувам чувства ! Јас сум кактус – цветам само за одредени луѓе ! Можам да убијам со префинет гест!
СТРЕЛЕЦ - Никогаш не заборавам некого, кој ми помогнал ! Не се грижам без потреба! Сакајте ме , бидејќи заслужувам ! Не се позајмувам !
ЈАРЕЦ - Сакам да имам скапоцености , кои сум купил сам! Човек треба да се бори за своето место! Имам трпение , ќе почекам !
ВОДОЛИЈА - Ако сакаш да бидеш со мене , стани таков каков што сакам јас да бидеш! Во животот има многу поважни работи од сексот ! Нема подобар од мене !
РИБИ - Алкохолот ми помага ! Не одложувај за утре она што може да се заврши задутре ! Не е важно што правам , најважно е дека изгледам зафатен !
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа