Старец од Битола предизвикал пожар

Постар битолчанец си заработи кривична за предизвикување општа опасност. Се работи за 73-годишниот В.Г. од селото Буково кој пред три дена околу 10 часот и 30 минути на улицата „Апостол Здравевски“ кај месноста „Буковски Мост“, предизвикал пожар на земјоделска парцела негова сопственост.

Од пожарот биле зафатени и помошна просторија, сопственост на лице од Битола и мобилен тоалет при што несовесниот битолчанец предизвикал материјална штета од околу 30.000 денари.

25.04.2014 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега