Џеј Ло започнува свој бизнис - ќе продава мобилни телефони

Пејачката и глумица Џенифер Лопез најави дека ќе отвори синџир на продавници за мобилни телефони и вебсајт во рамките на Вива Мобил бренд, со цел „Веризон“ телефоните и услугите да ги продава на латино населението.

Првата продавница ќе биде отворена на 15 јуни во Њујорк.

Лопез најави дека персоналот во продавницата ќе зборува на шпански и англиски и дека ќе дава „културно релевантно шопинг искуство“.

Вива Мобил ќе биде официјален продавач на Верзион телефоните.