Ова се вика среќа- За три недели трипати освоил лотарија
Среќата навистина постои а доказ за тоа е Кристофер Колин од Чикаго кој покажа дека среќата навистина е на негова страна по освојувањето на хет-трик од истата лото игра. Тој за само три недели освоил неверојатни 276. 000 долари.
По својата трета победа, тој погрешно на својот билтен прочитал дека освоил награда од 25 илјади долари, а всушност станал сопственик на добитно ливче вредно 250 илјади долари.
-Наградата е доволно голема за да се направат некои животни промени, но ако се претера, тоа веќе ќе биде проблем, изјавил Колин за Huffington Post.
Кристофер направил разумен план како да ги потроши парите. Тој би сакал да ги исплати студентските кредити, да си купи куќа, да има пари за свадба и дел од сумата да одвои за студиите на неговата ќерка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа