Летаа казни за несовесни возачи - девет сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди од кои четири се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни телесни повреди се здобиле четворица возачи на патнички моторни возила, еден сопатник и еден пешак.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Градот Скопје спроведе општа контрола на возачите и возилата. Во оваа насока откри и санкционира 14 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата, седуммина возачи непрописно се престроиле пред крстосница, двајца возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и тројца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница.

За денеска има најава за вонреден настан. Политичката партија ДУИ ќе организира предизборен митинг. Истиот ќе се одржи во 19 часот на плоштадот „Скендер бег“. Со цел овозможување на безбеден и уреден сообраќај ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување. Во зависност од моменталните состојби сообраќајот ќе биде пренасочен по бул. „Гоце Делчев“ од крстосницата со бул. „Крсте Мисирков“ до крстосницата со бул. „Илинден“ и бул. „ВМРО“ во непосредна близина на Владата на РМ, како и по ул. „Филип Втори Македонски“ од крстосницата со ул. „Кеј 13 Ноември“ пред х. „Холидеј ин“.

25.04.2014 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега