Навивач на Дортмунд упати емотивно писмо до Марио Геце

Навивач на Дортмунд испрати писмо полно со емоции кон Марио Геце.

-Драг Марио,

И покрај тоа што твеото заминување во Баерн беше објавено пред неколку месеци, многу навивачи на Дортмунд и натаму се шокирани. Јас сум верен навивач на Борусија и сакам на оваа приказна да и пријдам од поинаква перспектива. Кога на Твитер видов дека Билд на 22-ри април на полноќ ќе го објави сензационалниот трансфер, имав чудно чувство кое сега не можам да го објаснам. Неколку минути подоцна следеше шок: Марио Геце заминува во Баерн.

Неколку минути чудно гледав во мониторот и никако не можев да поверувам во она што го читав и гледав со своите очи. Во тој момент тоа беа само гласини, но сите снаевме дека во нив има и вистина. Потоа, следното утро, стигна и потврдата за веста од Дортмунд.

Во првиот момент бев целосно разочаран. Ти, мојот сакан Марио, јурна кај нашиот најголем ривал и тоа не можев себеси да си го објаснам. Уште од времето кога го прослави својот гол во дресот на Деде, верував дека ти си значаен дел од нашиот клуб.

Од друга страна, пак, морам да признаам дека и не бев изненаден. Отсекогаш знаев дека чежнееш по слава, што често те доведува до тоа да се откажеш од вредностите какви што се верноста или припадноста. Многумина навивачи на Дортмунд гледаат на таквиот потег како предавство, но тој е логична последица на твоите амбиции. Баерн ги играше трите од последните четири финалиња во Лигата на шампионите и ги има сите предуслови да стане еден од најголемите клубови во Европа во годините кои доаѓаат.

-Гледајќи ја целокупната ситуација, навивачите на Борусија немаат причина да бидат тажни. За жал, тоа не е така. Емоциите во фудбалот се присутни како во никој друг спорт. И самиот знаеше дека евентуален твој трансфер во странство ќе предизвикаше поинакви ефекти, но себеси си го скрати величенствениот“збогум”кој го заслужи од наша страна. Многу навивачи на Дортмунд се чувствуваа како некој да им го прекинал најдобриот сон. Ти доста и должиш на Борусија, но и клубот ти должи благодараност.

Се што останува е да ти се заблагодарам за трите неверојатни сезони. Беше задоволство да се гледа како играш фудбал на најдобриот стадион на светот. Кога следната сезона ќе го носиш дресот на Баерн, јас ќе имам “погрешни” чувства и тажно ќе гледам како го минуваш свој блескав пат низ Бундеслигата.

Јас нема да им се придужам на другите навивачи кои жестоко ќе те исвиркаат и ќе ти приредат вистински пекол кога следната сезона повторно ќе дојдеш овде. Знам дека направи разумна одлука за едно младо момче кое има само 20 години и мало животно искуство.

Сепак, сакам да ти посакам се најдобро и на тебе и на твоето семејство во Минхен. Обично ги следам настапите на поранешните играчи на Дортмунд и се радувам кога постигнуваат голови, па дури и против нас. Во твојот случај тоа ќе биде навистина тешко.

најчитано сега