За едно деноноќие се случиле 77 сообраќајки во Косово

За едно деноноќие на патиштата низ Косово регистирани се дури 77 сообраќајни несреќи, од нив три со фатални последици, 19 со потешко и полесно повредени и 55 само со материјална штета, јави дописникот на МИА. 

Според полицијата вчера попладне во селото Коротица кај Дреница, автомбил марка „Ауди 80“ удрил во жена-пешак, која веднаш била пренесена во болница, но лекарите само констатирале смрт.

Кај селото Сфеќел кај Подуево во судар на два автомобила животот го загубило 72 годишно лице додека четворица биле повредени.

Во третата собраќајка со фатални последици животот го загубило едно лице во судар на автомобил и товарно возило (камион).

Полицијата која потврдила дека во последно време видно е зголемен бројот на сообраќајните несреќи, апелира до учесниците во собраќајот на поголема внимателност и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.