До август во Ѓорче Петров ќе никне нова градинка

Во општина Ѓорче Петров почнаа подготовките за адаптација на објектот во дворот на основното училиште „Димитар Поп Беровски“. за детската градинка. 

Се очекува во новиот објект да бидат згрижени околу 50 деца. 

Планирани се две занимални две помошни простории, и санитарни јазли, а ќе работи во рамки на ЈОУДГ „Росица“ - Ѓорче Петров.

Градежните работи, како што информира општина Ѓорче Петров, предвидено е да завршат кон крајот на август годинава. Средствата ги обезбеди Министерството за образование и наука и општина Ѓорче Петров. 

24.04.2014 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега