Немири на фудбалски натпревар во Анкара - петмина повредени

Во судирите меѓу фудбалските навивачи и полицијата кој што се случија на фудбалскиот натпревар меѓу Фенербахче и Трабзонспор во Анкара беа повредени пет лица од кои двајца полицајци. До триумф стигна тимот на Фенербахче славеќји минимално со 1:0 по што го освои купот. 

Напнатоста меѓу привзраници на „Трабзонспор“ и полицијата започнала уште за време на второто полувреме на натпреварот.

По крајот на натпреварот се развиле вистински судири, во кои полицијата повеќепати употребила солзавец.

Во реонот на инцидентите биле испратени многу возила за брза помош.