Груевски вечерва со јавно прашање до Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва на митингот на коалициајта За подобра Македонија во Куманово јавно му постави прашање на Заев, дали е подготвен да си поднесе оставка од градоначлничката функција, доколку ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДСМ на претседателските избори во оваа општина.

„Заев во недела ќе изгуи во Струмица. Еве, јавно го прашувам,  ако ја загуби Струмица, дали е подготвен уште вечерта да си поднесе оставка од градоначалничката функција. Во моментот кога граѓаните во мнозинство ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ дали ЗАев е подготвен да си замине. Еве сега повторно го прашувам, и да видиме дали ќе ме слушне“ - рече Груевски.

Премиерот потсети дека уштен е почетокот на кампањата го прашал Заев, ако е сигрен едка ќе биде идниот премиер, зошто не поднел оставка од функцијата градоначлник на Струмица и не се кандидирал на листите на СДСМ.

23.04.2014 - 22:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа