ФОТО: Добил удар по глава па преку ноќ станал генијален математичар
Пред точно 12 години Џејсон Паџет бил студент кој работел во продавница за мебел кај неговиот татко и животот му се состоел од постојано одење на забави, но еден удар во главата го променил од корен и преку ноќ стана гениј за математика.
На 13 септември 2002 година Џејсон го нападнале две непознати лица и го удриле во глава. Тој се онесвестил и крадците го ограбиле.
Се разбудил во болница, каде што се погрижиле за неговите полесни повреди и бил пуштен на домашно лекување. Кога се разбудил следното утро, Џејсон забележал многу промени.
Одеднаш имал чувство дека околу него јасно гледа детали кои претходно не ги забележувал.
Тој всушност го добил синдромот саванта.
Тој се јавува најчесто кај лицата со аутизам, и тоа од раѓањето. Во светот постојат само 40 луѓе кои дополнително го стекнале. Савантите често имаат фотографска меморија, може да множат петцифрени броеви и слично.
Тој престанал да оди на работа и деновите ги минувал решавајќи задачи по математика и физика.
Станал опседнат со бактерии. Ги миел рацете неколку пати, додека не му станат црвени, па дури и одбивал да ја прегрне својата ќерка додека таа не ги измие рацете пред него. Тој мислел дека го губи разумот, а потоа на “Би- Би- Си” гледал документарец за саванта синдромот и сфатил што му се случува.
- Мојот пример покажува дека талентот лежи во сите нас, напишал Џејсон напиша во неговите мемоари „Sruck By Genius”.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа