ВИДЕО: Погледнете ги десетте светски трагедии снимени со камера!

 

Падот на цепелинот Хинденбург во 1937 година во текот на слетувањето во воздушната база Лакехурст е една од најпонзтите аеро трагедии во историјата.

Камерите долг период го снимаа секој момент. Со почетокот на 20 век оваа технологија штотуку се развивала, а сепак камерите успеале да забележат некои шокантно доживување. Еве ги десетте светски трагедии кои ги забележаа камерите. 

 

Франк Реикхелт денеска го знаеме како изумител на падобранот. Бил толку сигурен во својот изум што на 4 февруари 1912 година решил да го испроба така што ќе скокне од Ајфеловата кула. Но, падобранот не се отворил. 

 

Емили Дејвисон била активистка која се борела за женските права на глас во Британија. Често била уапсена и затварана. Најпозната е по тоа што застанала пред коњот на кралот Џорџ во полн залет на 4 јуни 1913 година. Коњот ја прегазил и таа починала од последиците по четири дена. 

 

HМS Бархам бил драгонцен камен во британската флота. Потопен за време на Втората светска војна. 25 ноември 1941 година од страна на германската подморница U-331 во еден од најголемите поморски несреќи. Загинале 836 луѓе. 

 

Френк Локхарт бил американски професионален возач на автомобили. Денес се смета за легенда. Неговата блескава кариера е прекината по трагедијата во 1938 година кога се обидел да постави нов светски рекорд. Камерите забележале се. 

 

Цепелинот Хинденбург бил најдолгиот во класата летачки направи и најголемото летало по обем. Летал од март 1936 година до 6 мај 1937 година, кога при слетувањето во Морнаричката воздушна база „Лакехурст“ по својот прв трансатлантско патување за Северна Америка целосно изгорел. Во несреќата загинаа 36 луѓе. Камерите се снимија. 

 

Несреќата на авионот Фарнбоурог се случила во 1952 година. Загинаа 29 набљудувачи на егзибициониот лет. 

 

Ле Манс трагедијата се случила за време на 24 часовната трка на автомобили во 1955 година. Сударот довел до тоа да големи делови од возилата се откачат и паднат директно во публиката. Загинале 83 гледачи и еден возач, додека преку 120 биле потешко или полесно повредени. Ова се смета за најголемата трагедија во историјата на мото спортовите. 

 

Во 1958 година Ј.Д. Расел се удавил заробен во кокпитот. Спасувачите тргнале кон него во истиот момент, но пилотот се удавил пред да стигнат. 

 

Жерард Маселин бил уште еден „човек птица“. Тој во 1963 година скокнал од авионот убеден дека неговиот изум ќе го одржат во воздух. Тоа не се случило. 

 

Доналд Кампел загинал во 1967 година во обид да го собори светски брзински рекорд постигнат на вода. Забележани се дури и неговите последни зборови: „Не гледам ништо... Се ослободив од држачите... заминувам. 

 

 

23.04.2014 - 16:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега