Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија денеска ќе расправа за еколошки теми

 

Денеска во Европскиот парламент во Стразбур, со работа ќе продолжи мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија каде што ќе расправа за еколошките предизвици на Македонија во делот со обновливата енергија. Вчера пак фокусот беше ставен на политичките теми од евроинтеграциите на земјата. 

Двете парламентрани делегации на ЕП и на Собранието на Република Македонија расправаат околу Препораката и нејзините амандмани кои треба да бидат усвоени на крајот од овај 11-ти по ред Мешовит комитет.

Предложениот текст се согласува многу со предлог реозлуцијата која денеска ќе треба да ја гласа ЕП, предложена од Ричард Ховит. За препорката се предложени дури 30 амандмани.

Веднаш по гласањето на оваа препорака македонската делегација ќе може да го следи гласањето на резолуцијата на пленарната сесија на ЕП, во која се повикува на почеток на преговорите пред јули годинава.

најчитано сега