Итар битолчанец измами сограѓанин - еве како

Битолчанец си заработи кривична пријава за измама. Според податоците од полицијата, се работи за 24-годишниот Т.П. кој со намера да се стекне со противправна имотна корист довел во заблуда лице од Битола на начин што не го испочитувал преддоговорот за купопродажба на моторно возило во кој се обврзал до 10 март 2014 година да исплати 60.000 денари и не испочитувал усмен договор за шлеп приколка која ја зел на услуга и истата требало да ја врати до 7 февруари 2014 година, оштетувајќи го лицето за околу 300.000 денари.

 

23.04.2014 - 13:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега