„Колегите бегаа од мене“ - потресна исповед на човек кој е ХИВ позитивен

47- годишниот Борис Ковачиќ во 2001 тотално му се сменил животот откако дознал дека е ХИВ позитивен и дека болеста е во напредната фаза кој најверојатно се заразил седум до десет години пред откирвањето.

 - Поради претходните сексуални односи без заштита, со лицето со кое и денес живеам, отидов на тест. Само мојот резултат беше позитивен. Немав никакви симптоми, но инфектологот ми кажа дека веднаш мора да се започне со лекување, бидејќи мојот имунолошки систем е многу лош, објаснува Ковачиќ

Борис ја имал поддршката од своето семејство и од најблиските пријатели, тој работи во болница и откако им ја соопштил веста на раковофителите дека е ХИВ позитивен веднаш го префрлиле од операционална сала на друго работно место,  иако имал препорака од Светската здравствена организација и инфектолог дека може да работи со зголемена претпазливост.

- - Некои колеги не сакаа да пијат кафе со мене, ме прашуваа зошто немам посебна чаша. Кога им се доверив на пријателите, многумина од нив никогаш повеќе не ми се јавија. На забави бев единствениот кој добивав пластична чаша, а капката се прели кога една колешка од архива рече дека ќе даде отказ доколку треба да работи со мене. Јас поднесов барање за пензија и живеев во изолација, опкружен со само луѓето кои знам дека нема да ми наштетат, вели Борис.

 

23.04.2014 - 11:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа