Грција: Доведено во прашање донесувањето на законот против разисам

Спорнот закон против расизмот во Грција на крајот ќе биде одреден од страа на лидерите на трите партии во нестабилната владина коалиција, а за истиот е ставено и знак прашалник дали воопшто ќе биде поднесен за гласање пред пратениците. Генералниот секретар на Владата Панајотис негираше дека законот бил одобрени од парлманетарната комисија. 

Ваквиот закон треба да го намали влијанието на неофашистичката Златна зора, која предизвикува проширување на јазот во нестабилната владина коалиција. Имено ПАСОК и Евангелос Венизелос реагираа на изјавата на Балтакос дека ваквиот закон се промовира како „суштинска мерка за заштита на демократското владеење на правото“ и сите овие 

Законот, кој има за цел да наметне построги казни за расна омраза и претставува обид на Владата да го намали влијанието на неофашистичката Златна зора, предизвика проширување на јазот во нестабилната владина коалиција затоа што ПАСОК и Демократската левица вршат притисок тој веднаш да биде доставен до Парламентот, додека Нова демократија бара некои измени во него.

Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос вчера реагираше на изјавата на Балтакос, истакнувајќи дека законот се промовира како „суштинска мерка за заштита на демократското владеење на правото“ и оти „сите отворени прашања ќе бидат решени од страна на партиските лидери“. Демократската левица го повика Балтакос „да не користи процедурални трикови и веднаш да го достави предлог-законот“.

Според „Катимерини“, извори од Нова демократија повториле дека законот е непотребен со оглед на тоа што повеќето од неговите одредби се содржани во постоечки закони. 

најчитано сега