„Куме немој да возиш, пиевме речиси 15 часа“ - детали од трагедијата која се случи вчера каде загина цело семејство

Во страотна сообраќајна несреќа во Табановце кај Шабац вчера околу 13. 40 часот загинаа четири личности а меѓу  нив била и една трудница. Уште две лица се повредени, и пренесени на Ургентниот центар во Белград а докторите нивната состојба се уште ја оценуваат како критична.

До несреќата дошло кога возачот на Ауди Q7, со италијански регистерски таблички Саша Ј. (29), изгубил контрола над воланот и слетал од коловозот, се превртел а потоа удрил во ограда.

Животот го загубиле возачот и женска особа со иницијали A.M.(28), како и сопатниците С.М. (22) и М.П. (20), додека

Д.М. и Д.Ј. (50) се здобиле со тешки телесни повреди опасни по живот.

Жителите на Табановце биле  беа згрозени од вчерашната сцена на улицата Иво Лола Рибар, број 116. Во каналот покрај патот на покривот беше превртен џипот "Ауди Q7", со италијански регистарски таблички-ЕД 66 3X, а малку подоцна на истото место и еден велосипедист загина превртувајќи се од својот велосипед.

Кумот на трагично загинатиот возач два пати го спречувал да не вози до болницата како да би го видел што туку родениот син, бидејќи бил премногу пијан. Третиот пат попушти и седна во џипот со Сашо и пријателите. Два километри подоцна се случила кобната сообраќајка.

- Тој два пати го молеше да не влага во автомобилот, го молеше да не заминува бидејќи беше премногу пијан бидејќи пиеле скоро 15 часа, кумот предложи некој да викнат да ги вози но Миле не оставаше, му се сврте и рече ќе влезеш или идеме без тебе, по толку убењдувања не можеше да не биде по негово, влезе во џипот, раскажува еден од роднината кој пристутвувал на порславата.

23.04.2014 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега