Средба на претставници на ГРОМ со ОБСЕ/ОДИХР
Активностите на ГРОМ за време на кампањата од претседателските и предвремените парламентарни избори беa тема на денешната средба на шефот на Централниот изборен штаб на партијата Владо Поповски со Елен Шустик, политички аналитичар од ОБСЕ/ОДИХР.
Посебен акцент, како што соопшти партиската прес-служба, бил ставен на бројот на неважечки ливчиња од првиот круг. Според соопштението, Поповски побарал Државната изборна комисија да се посвети на откривање на причината за големиот број неважечки ливчиња и да обезбеди соодветен механизам за елиминирање во вториот изборен круг.
- Потенцирана беше исклучиво позитивната кампања, што ГРОМ ја води, зборувајќи единствeно за својата програма, своите заложби и идеи за постигнување на стабилност, мир и благосостојба во државата. На средбата беа споделени и впечатоците од изминатиот, прв круг од претседaтелските избори, стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа