Спасовски се сретна со претставничката на ОБСЕ/ОДИХР Шустик
Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски денеска имаше средба со политичкиот аналитичар во набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Елен Шустик.
Шустик се интересирала за досегашниот тек на изборната кампања за претседателските и предвремените парламентарни избори и за искуствата на СДСМ во изборниот процес. Таа, како што соопшти партијата, побарала од опозициската партија да ги евидентира и документира сите докази за изборни нерегуларности и да ги достави до надлежните институции и набљудувачката мисија.
Генералниот секретар Спасовски, како што се наведува во соопштението, информирал за употреба на државни ресурси во кампањата за придобивање гласачи. Медиумите, според Спасовски, имаат селективен пристап при известувањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа