Мицкоски за Груби: Сите бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите

 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги повика сите бегалци од правдата да се вратат во земјава и да се соочаат со доказите за да може да се види дали се виновни.

– Не би сакал да шпекулирам. Но, ги повикувам сите оние бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите, аргументите и доказите пред органите за да можеме да извлечеме заклучок дали тие се виновни за тоа за кое што постои основано сомневање. Не би можел да откривам било какви детали поврзани со белаците од правдата – рече Мицкоски прашан дали Владата има соработка со албанската Влада бидејќи по некои информации Груби се наоѓа на албанска територија.

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“ Прпарим Бајрами, се бара со меѓународна потерница во врска со злоупотребите во Државната лотарија во вредност над осум милиони евра. По барање на Јавното обвинителство, им е определен притвор во траење од 30 дена.

Груби е ставен и на црната листа на Стејт департментот на Соединетите американски држави на 9 декември заедно со судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција.

07.01.2025 - 12:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега