ФОТО: Војската на САД во НАТО вежба во Црното море користи делфини и фоки

Во воените вежби на НАТО во Црното море, учествувале и американски борбени делфини и морски лавови, изјави портпаролот на програмата за цицачи на американската морнарица Том Лапуз.

Дваесет делфини и десет морски лавови учествувале во вежбите кои ќе се одржат во текот на годината и ќе се одвиваат меѓу недела дена и две недели. 

Задачата на делфините е да го тестираат новиот противрадарски систем кој треба да биде пречка за непријателските сонари, а морските лавови ќе им се придружат во пребарувањето на мините, прецизирал Лапуз. 

Ќе биде тестиран и новиот оклоп за делфините развиен во специјализиран центар на Универзитеотт во Хаваи. 

22.04.2014 - 18:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа