ВИДЕО: Елитите профитираа со лагата за глобално затоплување - всушност следува мала ледена доба

 

Еколошките мерки против глобалното затоплување, на некои компании им донеле милијарди долари профит, а вистина е дека ледот се шири низ океанот и тоа во забрзано темпо.

Преку милиони квадратни колометри океанот е прекирен со лед повеќе од минатата година во истиот период, што претставува зголемување за преку 60%.

Минаа шест години откако ББЦ извести дека глобалното загревање го оставиле Арктикот без лед во летото 2013 година.

Северозападниот премин од Атлантикот до Пацификот е блокиран со цел цела година. Повеќе од 20 бродови се обиделе да пловат низ овој премин, па поголемиот дел од нив се заглавиле во ледот и биле приморани да се вратат назад.

Некои угледни научници сега веруваат дека настапува период на заледување, кој нема да заврши до средината на ова столетие, што е веројатно увод за мала ледена доба која е веќе најавена. Приказните за прогнозите од катастрофалното загревање не доведоа во заблуда.

Претскажувањата за термалниот колапс на Земјата и се поголемото загревање изведоа голем број на светски компании и корпорации кои направија профит од милијарди долари за “еколошки мерки“ против климатските промени.

Меѓувладиниот самит на ОН за климатските прмени треба да почне во октомври во Стокхлом каде ќе биде објавен петтиот извештај за проценката. Се работи за три студии кои се прават секои шест или седум години.

Во нацрт извештајот стои дека 95% од глобалното загреваење е последица на луѓето.

Доктор Ед Хавкинс претставил графички приказ на кој може да се забележат температурите низ светот и отстапките од пресметаните предвидувања. Тој призна дека циклусот може биде предизвикан од некои загревања, но останал на ставот дека природната варијабилност не може да го објасни зголемувањето на температурите во последните 150 години.

Сепак постојат голем број на докази од разни арктички циклични леда. Податоците за климатските промени говорат дека дошто до масовно топење во периодот од  1920 до 1930 година, а потоа интезивно замрзнување кое завршило во 1979 година.

Најголемите климатски научници со години лажеа за да ја прикријат вистината дека Земјината температура не растела во изминатите 15 години.

Докуметните кои процуреа од страна на Associated Press на 19.09.2013 година разоткрија длабока загриженост меѓу политичарите во врска со глобалното загревање.

Високи владини функционери од Германија, Унгарија, Белгија како и од ОН веќе со години биле загрижени за нереагирањето за климатските промени за кои како единствен виновник бил посочен човекот. 

22.04.2014 - 17:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега