ВИДЕО: Путин не си ги знае корените, а смета дека Американците би му рекле дека потекнува од мечка!

 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не ги знае неговите корени, но знае дека неговите предци во 17 век живееле во Твер и дека биле земјоделци.

„Мислам дека како и повеќето луѓе овде, така и јас не знам од каде потекнувам, а не ми е од корист да се обратам на специјалистите од САД, затоа што ќе ми кажат дека во најдобар случај, основач на мојата семејна линија е мечката, а тоа е најдобрата можност“, вели Путин на седницата на Државниот совет за развој на руралните средини.

Тоа што јас го знам од архивските документи е тоа што моите предци во првата половина на 17 век живееле на територијата на денешен Твер. Тие работеле на село, и биле земјоделци како и повеќето тамошни жители“, вели Путин.

Како што тој вели токму поради тоа тој не е многу рамнодушен на тоа што се случува на село.

„Не само затоа. Сите знаеме дека во денешниот живот од големо значење е тоа што се случува во селото и дека сите зависиме од земјоделското производство која е економска категорија и човечка благостостојба која произлегува од социјалните услови на живот“ вели шефот на руската држава.

22.04.2014 - 17:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега