Нов тек на истрагата: Малезискиот Боинг сепак слетал на копно

 

Потрагата по исчезнатиот малезиски авион на летот MH370 не вроди со плод а истражувачките тимови најавуваат дека ако делови од авионот не се појават наредните неколку денови, ќе го сменат текот на истрагата. Истражувачите ќе ја земат во предвид и теоријата дека авионот слетал на копно.

- Ако во текот на наредните денови не добиеме позитивни резултати од истрагата, ќе мора да се прегрупираме и да размислиме за можноста дека авионот слетал на копно- вели извор од меѓународниот истражувачки тим.

Истражувачите не го навеле името на земјата во која постои можност да слетал авионот.

Претпоставката за слетување на авионот во пустош на земјата не е невозможно, со оглед на тоа дека не се пронајдени делови што може да се поврзат со авионот. Сепак, тоа е малку апсурдно да се мисли дека една земја го крие авионот, кога повеќе од 20 земји кои се вклучени во потрагата - изјави изворот.

 

Ова е 45 ден од започнатата истрага по исчезнатиот малезиски авион.

22.04.2014 - 14:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега