Градоначлникот го продава службениот автомобил - многу троши

Градоначалникот на Панчево, Србија го продава служениот автомобил бидејќи многу троши и бил многу скап за одржување. Градоначлникот Павле Радованов, решил да ја продаде Шкодата СуперБ со мотор од 2800 кубни сантиметри произведена во 2005 за да ги намали трошоците во градот. Тој воочил дека регистрацијата за автомобилот е премногу скапа, а големи се и трошоците за гориво.
Сега тој се вози со автомобил на електричен погон, а за подолги релации, го користи автомобилот Шкода Јети кој исто така е сопственост на градот.

22.04.2014 - 14:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега