Милошоски: Поддршка за занаетчиството во Македонија
Признавање на 60 проценти од трошоците за производство на занаетчиски работи, за набавка на алат и за обука на занаетчија мајстор, најави денеска на средба со занаетчиите во Битола носителот на листа за избор на пратеници во Изборната единица 5 Антонио Милошоски.
Тој посочи дека овие мерки се дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ „Проверено“, со кои, како што рече, се планира поддршка на занаетчиството во Македонија.
- Сметаме дека овој дел од традиционалното занаетчиство, посебно во градови коишто ја имаат таа култура како Битола, треба да се поддржува за да можеме и за нивните приходи и за нашето стопанство, но и за понудата во самата чаршија особено во однос на туризмот да биде зголемена и да биде побогата, а со самото тоа тие да имаат полесни услови за работа и за дејствување и за вработување дополнителни лица во нивните дуќани, рече Милошоски на средбата со занаетчиите во Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа