"Срцето ми е скршено" - Џулија Робертс прозборе за смртта на сестра си

 

По 20 дена од смртта на својата сестра, убавата и славна холивудска актерка Џулија Робертс, конечно си ја отвори душата и проговори за смртта на сестра си.

- „Срцето ми е скршено. Минаа само 20 дена и не постојат зборови со кои би можела да опишам низ што се минавме. Но, сепак, се обидуваме да се концентрираме на тоа што допрва доаѓа“, рече актерката додавајќи дека мора да се соочиме со сите трагедии и да продолжиме во животот.

Актерката зборува и за проблемите кои доаѓаат со славата.

„Со славата доаѓа и дехуманизацијата, особено во денешното подрачје кое не е исто како тоа кога почнував да ја работам оваа работа. Немаше анализа на секоја секунда од секој ден. Никому не му беше грижа за она што го носите, за фризурата, за шминката, денеска тоа е како еден вид спорт, вели таа.

За потсетување, нејзината сестра почина пред 20 дена, а многумина ја обвинија Џулија дека таа не се грижела за неа.

22.04.2014 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега