Како всушност настанува утринската ерекција?
Утринската ерекција е всушност рефлексната ерекција која настанува како реакција на автономниот нервен систем на мочниот меур.
Ерекцијата за време на спиењето е спонтана појава која редовно се појавува кај сите здрави мажи кои немаат физиолошка потешкотија да доживеат сексуално возбудување. Се јавува неколку пати во текот на ноќта, или при будење наутро. Поголемиот број на уролози сметаат дека основната функција на оваа појава е спречувањето на мокрење за време на спиењето.
Иако голем број мажи се чувствуваат непријатно што немаат контрола над оваа појава, сексолозите потсетуваат дека се работи за потполно природна и нормална работа.
22.04.2014 - 12:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа