Се качиле на маса, се испотепале и го испокршиле инвентарот - хаос во ресторанот „Император“

Во ресторанот „Император“ во Битола, утрово околу три часот по полноќ,  А.Г. А.Р. Ѓ.З. и едно засега непознато лице, направиле вистински хаос и предизвикале паника и страв кај присутните.

Четирите лица се качиле на маса, по што од страна на В.Р., вработен во Агенција за обезбедување „Перфету мобиле“, биле предупредени да се симнат, но истите продолжиле со нивното однесување и во еден момент едно од нив нападнало обезбедувањето удирајќи го во пределот на главата, додека останатите лица со столици го кршеле инвентарот. Настанала вистинска паника кај присутните, а еден од гостите, В.Д. бил повреден во текот на настанот.

Лицата се приведени во СВР-Битола. Во пет часот пред објектот на СВР-Битола, дошол М.Г. инаку брат на А.Г. кој без повод и причина почнал да му се заканува на униформираниот полициски службеник, а во еден момент започнал да го влече за службеното палто, па  го гризнал во пределот на раката.

20.04.2014 - 12:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега