Мајка се шокирала кога си го однела бебенцето во болница - еве зошто

Мало девојченце завршило во болница бидејќи му се слошило и качило висока температура, а сето тоа се случило откако нејзината мачка ја излижала.

На Спаркел Андерсон од Америка, во болница и бил констатиран редок вид на менингитис и тоа додека била стара само три недели. Нејзината мајка раскажува дека детенцето не престанало да плаче. - Цела ноќ плачеше. Се пробав за да ја смирам, но не успеав. Качи температура и беше нервозна, вели мајката.

Всушност, се работи за бактерија pasteurella multocida која е честа кај животните, а особено кај кучињата и мачките, а може да се добие преку лизнување, гребнатина ...За среќа, бебенцето се опоравило, и денеска е среќно и здраво тригодишно девојче.

20.04.2014 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега