Прилеп денеска прави перница за Гинис

 

Денеска во Прилеп официјално ќе се потврдува најавениот гинисов рекорд во најголема перница на светот.

На плоштадот „Методија Андонов Ченто“, од 13 до 16 часот прилепската компанија за постелнини „Комфи Ангел“ со логистика на локалната самоуправа пред граѓаните ќе ја полни џиновската перница.

 Организаторите информираат дека перницата ќе биде најмалку со димензии 17,90 на 17,90 метри и потешка од 5 тони. По полнењето на перницата и официјално ќе се верификува рекордот од гинисов претставник. 

најчитано сега