Лесни триумфи на Металург и Зомимал во 7-то коло од Супер лигата

Металург и Зомимак стигнаа лесно до победите пред своите навивачи во мечевите од седмото коло од Супер лигата. Металург пред своите навивачи во салата во Автокоманда го победи Тинекс Пролет со 32:16 по што се искачи на врвот на табелата. Со најголем број на погодици мечот го заврши Стевче Алушевски, кој пет пати успеа да го совлада противничкиот голман. 

Во Струмица Зомимак М го совлада Пелистер со 31:27 и со овој триумф се зацврсти на третата позиција. Најпрецизен на дуелот беше Дејан Пецаковски со 7 голови.

Куманово и Вардар Про порано го одиграа натпреварот, а „црвено-црните“ постигнаа победа со 29:23.

Табела: Металург 19 бодови, Вардар Про 17, Зомимак М 13, Тинекс Пролет 6, Пелистер 3, Куманово 

најчитано сега