Со неколку совети до поцврст пенис
Мажот кој сака уште подобро да се покаже во кревет, треба да се послужи со следните трикови.
Ако сакате вашата драга да биде и повеќе од задоволена во креветот, тогаш треба да водите сметка за вашиот пенис. Многу мажи би сакале нивната алатка да е поцврста, а не се свесни дека тоа можат да го постигнат многу лесно.
Здрава исхрана
Избегнувајте тешка и брза храна, бидејќи нема да имате енергија. А тоа е важно доколку се подготвувате за акција.
Бирајте поза
Некои пози можат до максимум да ја истакнат големната на пенисот. Започнете го сексот со мисионерска поза, па префрлете се на доги. На овој начин ќе го зголемите протокот на крв и пенисот ќе биде во полна големина и цврстина. Токму од оваа причина, за почеток не е препорачлива позата во која жената е врз мажот.
Не се нервирајте
Доколку чувствувате притисок дека не сте доволно добри во креветот, тоа ќе се одрази на големината на пенисот. Затоа, битно е да сте опуштени за време на сексот. Обидете се да најдете начин за да се опуштите, тоа може да биде музика или затемнета соба, чаша вино...
Ограничете ја чувствителноста
За да не ејакулирате прерано, секогаш може да ставите кондом бидејќи со него се намалува чувствителноста. Паровите во долги врски често користат и други начини, па во тој случај пробајте да мислите на нешто друго кога ќе почувствувате дека ви се ближи оргазмот.
Помош од страна
Некои мажи од грижа да не имаат премал пенис размислуваат за помош во облик на разни пумпи и слични помагала. Но, сето ова понекогаш е болно и не вреди за маката. Доколку сакате нешто да пробате - за почеток набавете прстен за пенис. Станува збор за гумичка во облик на прстен која обезбедува задржување на крвта во пенисот. Така нема да биде поголем, но ќе биде поцврст.
Лекови
Некои лекови, како оние против депресија или анксиозност, негативно влијаат на сексуалниот живот на мажот. Доколку морате да ги користите, проверете со доктор дали земате преголеми дози.
Чувајте ја силата
Ако сте уморни и давате сè од себе на почетокот на односот, не очекувајте перформанс за Оскар. Во такви случаи најдобро е да се откажете од секс или да го направите тоа на брзина.
Стомачни
Освен што ќе имате примамливи плочки, правењето стомачни се исплати и поради подобра ерекција. Силните стомачни мускули обезбедуваат и поцврст пенис и подолга ерекција. Не заборавајте и дека со голем стомак оставате визуелен впечаток на помал пенис отколку што навистина е. Исто така, подобриот физички изглед ја подобрува и самодовербата, па ќе имате и повеќе волја за секс.
Цигари и алкохол
Пушењето создава лоша циркулација, а кога ќе посакате ерекција потребно е најдобар проток на крвта низ телото. Па ако до сега не сте имале доволно добра причина за да се откажете од цигарите, нека биде токму оваа. Алкохолот ја намалува чувствителноста на целото тело, па може да ви се случи и пенисот да не ве слуша доколку имате желба за секс.
Мастурбација
Знаеме дека ја сакате и не можете без неа, но доколку сакате да ја воодушевите партнерката, не мастурбирајте пречесто. Мала самоконтрола нема да ви штети.
Извор: Супермен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа