Самоубиец скокнал од зграда - паднал врз седумгодишно девојче и го усмртил
Седумгодишно девојче од Јужна Кореја загина пред зградата во која живее, откако на неа паднал самоубиец кој скокнал од десетти кат.
Се работи за 40-годишен маж кој синоќа скокнал од својот стан на десеттиот кат. При падот на земја за жал удрил дирекно во ќерката на неговиот сосед и ја усмртил.
Самоубиецот починал на местото на настанот, а девојчето е префрлено во болница, каде докторите не можеле да направат ништо освен да ја прогласат нејзината смрт.