Пукање во скопски Сарај - едно лице убиено
Вечерва oколу 20.30 часот се случи убиство во скопската општина Сарај, при што убиен е Ш.Л. Убиството се случило во кафуле во близина на главната џамија во Сарај, пред Љубин.
Според неофицијални информации кои ги пренесе порталот Журнал убиецот З.Ѓ. и сега убиениот Ш.Л. подолго време биле скарани и се сретнале во кафулето. З.Ѓ. заминал до дома и по десетина минути се вратил со пиштол по што испукал неколку куршуми во Ш.Л, кој починал на лице место, сведочат очевидци за порталот .
Жунал пишува дека полицијата е на местото на настанот и го испитува случајот. Убиецот З.Ѓ е приведен и се наоѓа во полициска станица на распит.
За убиството се уште нема официјална потврда од МВР