Голем бран го спасил од операција на окото
Благодарение на неговото омилемо хоби – сурфањето на бранови еден Британец избегна операција на окото, објави стручниот магазин „Бритиш Медикал Џурнал Кејс Рипорт“.
Додека бил на сурфање на Хаваите, 61-годишниот Британец бил удрен со 10-метарски бран со брзина од 70 километри на час и овој удар резултирал со отстранување на птеригиумот на неговото око.
Птеригиумот е бенигно здебелување на рожницата на окото, кое вообичаено се отстранува со хируршки зафат. Тој најчесто се појавува кај лица кои често се изложени на сонце. Здебелувањето се манифестира со пецкање на окото и слабеење на видот, а може да прерасне и во канцер.
- Бранот буквално го збришал туморот од окото, изјави лекарот на британскиот сурфер, Томас Кембел, додавајќи дека „овој невообичаен метод на лекување веројатно бил многу болен“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа