Шест алпинисти загинаа а девет се исчезнати по пад на лавина во подножјето на Еверест
Најмалку шест непалски планински водачи загинале, а деветмина се исчезнати по пад на лавина во подножјето на Еверест, соопштија непалските власти.
Несреќата се случила кога лавината паднала врз патека, која води до еден од камповите на 6.400 метри височина и која е користена за искачување на највисокиот врв во светот. На помош дошле и други спасувачи и алпинисти, а од Катманду бил испратен хеликоптер.
Водачите тргнале рано утрото за да ги фиксираат јажињата за алпинистите, кога лавината паднала врз нив непосредно под Кампот 2.
Во кампот се собрале стотици алпинисти и нивните водачи, подготвувајќи се за последниот обид да го искачат 8.850 метри висок врв во почетокот на идниот месец, кога ќе се подобрат метеоролошките услови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа