Полицијата ме натера да го признаам убиството на мојот син- потресна исповед на една мајка

44- годишната Марина Андрејиќ од селото Мајиловац два пати е осудена на 20 години затвор поради сомнеж дека на 22 јули 2010 година го убила својот тринаесетгодишен син Ѓорѓе. Апелациониот суд ја ослободил во јули 2012 година поради недостаток на докази, а таа за српскиот весник “Ало” ги откри деталите од својот живот и случката која доведе до големата трагедија.

- Мојот живот се претвори во пекол, кога се венчав со мојот сопруг. Поради сите проблеми кои ги имавме со родителите на сопругот тој стана алкохоличар, а јас не можев да го издржам сето тоа и станав психички нестабилна личност.

Да немавме толку тежок живот ништо од ова нема да се случеше- вака Марина ја започнува нејзината потресна изповед.

Таа тврди дека убиството на нејзиниот син го признала под притисок на полицијата.

- Кога пристигнав дома ја раскажав вистината но никој не ми веруваше. Од сопругот  секој ден добивав котек, оправдано, и јас така би реагирала. Ме одведе во полиција каде ја раскажав целата случка, а од полицијата добив одговор подобро да признаеш дека си го убила синот. Потоа следеше котек од полицијата, психичко малтретирање и така успеаа да ме натераат да го признаам убиството на мојот син, иако бев невина.

- Изјавив дека го убив Ѓорѓе но само поради тоа што ме тепаа и ми се заканија дека ќе ми ја одземат ќеркатаи ќе ја одведат во дом. Единствено на мојот татко успеав да му ја објаснам ситуацијата и само тој сведочеше во моја корист открива Марина.

- Јас знам дека не го убив, но се сомневам дека некој знае и молчи, го убил мојот син. Братот на мојот сопруг  верува дека неговите родители се поврзани со убиството на мојот син, бидејќи јас и сопругот секогаш имавме проблеми со нив низ солзи раскажува Марина.

Таа вели дека нејзиниот покоен сопруг Дејан, честопати и повторувал дека таа и децата му се се на светот, бидејќи неговата фамилија одамна се откажала од него.

Кога бев трудна со Ѓорѓе мојата јатрва фрлаше клетви на моето неродено дете. Свекоротго убедуваше сопругот дека детете кое го носам не е негово.

- Кога Ѓорѓе направи три месеци додека го држев во раце дојде двекор ми и почна да ме тепа, и почна да ме навредува со погрдни зборови при што ме нарече проститутка. Во тој момент Дејан влезе во куѓата а свекор ми го тераше да ме убие.

Марина сега живее за својот покоен сопруг и за своите деца иако е сама:

- Повеќе ја немам ни мојата Ангела. Фамилијата на мојот сопруг ја сврте против мене и сега која мојата ќерка ќе ме сретне на улица буквално ме поминува без поздрав, бидејќи таа не знае дека тие само ми се осветуваат. 

17.04.2014 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега